Бујар Османи разочаран од одлуката на претседателот Иванов

Непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не е изненадување за вицепремеирот за европски пршања Бујар Османи иако, како што вели, е разочаран од постапката.

– Разочарани сме иако не дека не беше очекувано, но сепак мислевме дека ќе го искористи моментумот да прати порака – рече Османи  по средбата со косовската министерка за евроинтеграции Дурата Хоџа.

Тој посочи дека претседателот треба да биде кохезивен центар на општеството кој треба да ги спои етничките заедници и различните општествени групи.

– Таа улога не ја одигра во последните осум до девет години. Имаше можност овие  денови во неговата последна година да испрати порака  на кохезија и сплотување, како и за отворање на перспективата на државата, но очигледно е дека не може да излезе од неговата матрица на функционирање. Сепак, и покрај тоа што не разочара, не не загрижува, бидејќи повторно ќе го изгласаме законот во Собранието во наредните денови – изјави Османи.

Претседателот Иванов вчера соопшти дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците.

Translate »