Обединетата македонска дијаспора бара оставка од Нимиц

 

Во кабинетот на Метју Нимиц неодамна е вработена секретарка од грчко потекло и многубројните лични донации во знак на поддршка на носителот на грчката група на пријатели, конгресменката Каролин Малони е доволно да бараме оставка од преговарачот на ОН во разговорите за името поради конфликт на интереси, соопшти Обединета македонска дијаспора (ОМД).

 „Со последниот обид од 17-ти јануари за наводното решавање на спорот, ОН и нивниот медијатор Нимиц продолжуваат да ја прекршуваат Привремената спогодба од 1995 година и не ја почитуваат Универзалната декларација за човекови права, каде е вклучен принципот за самоопределување. 137 земји-членки на ОН, меѓу кои и 4 постојани членки на Советот за Безбедност на ОН, ја признават Македонија под нејзиното име, но ОН сѐ уште не го променува својот став и преку медијаторот Нимиц инсистира Република Македонија да продолжи со разговори за своето име.

Апелираме до Владата на Република Македонија веднаш да ги прекине разговорите и да поднесе резолуција до ОН со јасно барање да биде призната под Република Македонија, а не привремената референца.

Обврска на Нимиц, како медијатор на ОН, е да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд за правда од 2011 година која тврди дека Грција ја прекрши Привремената спогодба со блокирањето на влезот на Македонија во НАТО“, соопшти ОМД и додава дека активно ќе делува во сите држави да го промовира, а не да ги уништува македонското име, јазик и култура.

Translate »