Геомагнетна бура денеска ќе ја погоди Земјата

loading...

Земјиното магнетно поле денеска  ќе  биде погодено од геомагнетна бура, соопштија од американскиот Центар за предвидување временски состојби во вселената и Агенцијата за проучување океани и атмосфера (НОАА).

Геомагнетната бура е привремено нарушување на Земјината магнетосфера и е предизвикана од активностите на Сонцето. Станува збор за феномен кој може да влијае на електромрежите и сателитите.

Вообичаено трае еден или два дена.

Според соопштението на НОАА, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скалата од еден до пет како Г-1, што значи дека ќе биде со најслаба јачина.

Влијанието на геомагнетните бури врз луѓето само што почна да се проучува, но е познато дека гулабите-писмоносачи, на пример, за време на такви бури имаат проблем со навигацијата и не се во состојба да го пронајдат местото каде што треба да слетаат.
Translate »