Протести во Солун за името Македонија

loading...

На протестите против употреба на терминот Македонија во  решението за името  во Солун се приклучи и група од неколку  “патриоти” од  Крит, кои со себе ги донесоа и своите коњи. Пристигнаа со траект од островот, а по пат  запираа за да го овековечат своето патештествие со фото-апарат.

Под мотото „Никој не смее да го узурпира светото име Македонија” денеска ќе се одржат  протести во Солун  на кои  се очекува да излезат илјадници граѓани на Грција.

Грчките медимуи пишуваат дека за да биде протестот помасовен се откажани сите спортски натпревари.

Весникот Екатимерини во  колумна под наслов “Патриоти , предавници и протести за иметo”  наведува дека е тажно она што во  моментов  се случува во Грција. ” Патриотите кои се кренаа на овие протести,  ја обвинуваат власта во Атина за предавство затоа што сака да го реши спорот со името,” се вели во колумната.

“Грција во моментов треба да покаже дека е обединета. Токму ваквиот националистички став на “патриотските сили” не доведе во ситуација нашиот северен сосед да биде признат под името Македонија, и тоа без географска одредница или фуснота,  од голем број земји во светот, се заклучува во текстот.

 

Translate »