Водителката Тамара им помогна на многумина, но и самата има проблем!

Емотивната и интересна емисија  ” Со Тамара во акција” ,  во продукција на РТС, со задоволство се гледаше и кај нас. Една од главните причини за ваквата популарност е водителката Тамара Грујиќ , која  заедно со својата екипа патува низ Србија и ги уредува домовите на оние на кои им е потребен покрив над главата.

Симпатична и мила, таа знае како да им пристапи на луѓето кои се загрозени, да ги утеши и развесели, а публиката пред малите екрани веднаш го препознава нејзиниот шарм.

Но, иако на  многумина  им помогнала да се здомат, таа и нејзиниот сопруг живеат како потстанари.

Со сопругот

Кога ја запрашаа во интервју дали е вистина дека се уште живее под кирија, таа со насмевка на лицето одговори:”Точно е, но што да правиме?! Ме критикуваат во стилот -Зошто се жали?Нека земе кредит! Но, не можеме  да земеме кредит бидејќи имам своја фирма и не сум кредитно способна. Но, не сакам да се жалам. Материјалното не треба да ни биде мерило. На крајот на краиштата, и цел живот да бидеш постанар – големо чудо!”

 

Translate »