Миле Јанакиевски е вработен во Пелистерка, а Тони Трајковски во Елем

 

На првото судско рочиште за случајот ТНТ, обвинетите: екс премиерот  Груевски,  поранешниот министер Миле Јанакиевски, бившиот градоначалник Тони Трајковски  и уште 4-ца други се  изјаснија за невини. Во судницата беше присутен и сопственикот на Космос, Фиат Цаноски.

При проверката на личните податоци на почетокот на судскиот процес Миле Јанакиески соопшти дека повеќе не е вработен во партијата ВМРО-ДПМНЕ и дека e вработен во компанијата „Пелистерка“.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски го информираше судот дека сега работи во ЕЛЕМ.

Бизнисменот Фијат Цаноски изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „ѝ нанеле голема штета на Македонија” да бидат осудени. Тој најави дека повторно ќе го изгради „Космос“ по истиот план. Цаноски бара оштета од 55 милиони евра.