Крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески

Во знак на одбележување на роденденот на Тоше Проески денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје во периодот од 09:00-17:00 часот ќе биде организирана голема крводарителска акција.

– Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш, традиционално, тие се реализираат во негова чест. До сега, на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 4.000 крводарители, соопштија организаторите.

Translate »