9 трикови во кујната кои мора да ги знаете

1.Не можете без утринското кафе, нели? Но, понекогаш постојат денови кога ни тоа не може да ве разбуди. Еве еден трик како да ја зајакнете вашата омилена напивка. Во кафето додадете еден прстофат какао. Флавоноидите во какаото ќе ви ја забрзаат циркулацијата, а на кафето ќе му дадат посебен “шмек”. На здравје кафе!

2. Сте ја пресолиле супата и сега ви е мака? Не паѓајте во очај,  и за тоа има решение. Ставете вреќичка ориз или некоја друга житарка во  супата. Нека проврие неколку минути и извадете ја вреќичката. Оризот ќе ја апсорбира солта, а можете да ставите и еден компир, кој исто така ќе го впие вишокот сол. Трошка сода бикарбона исто така ќе помогне. Ете, готово!

3. Сакате  оризот кога ќе го сварите да биде снежно бел? Нема проблем, лесно е! Славните готвачи имаат специјален трик: додаваат малку оцeт во оризот. Не само што тој ќе стане побел туку и ќе добие пријатна арома. Истиот ефект ќе го добиете ако  ставите неколку капки сок од лимон растворен во малку вода. И најважно: не го поклопувајте оризот кога се вари за да не се залепи! Пријатно!

4. Шпагетите понекогаш се залепуваат кога ги вариме, особено кога не се квалитетни. За да го избегнете ова, треба да ставите малку маслиново или обично масло во зовриената вода и додете ги макароните или шпагетите, но ова веќе сте го знаеле, нели?!

5. Често ви се случува сирењето или качкавалот да ви позеленеат или да се исушат  ако стојат подолго време во фрижидерот. Еве како да го спречите тоа: намачкајте ги со малку масло, тоа ќе го спречи кислородот да дојде во контакт со производот. Ако знаете дека сирењето сепак ќе ви остане неизедено поради икс  други причини, завиткајте го во фолија и замрзнете го. Ќе ви се најде кога  правите пица или шпагети , врз кои можете , онака замрзнат, да го изрендате. Ете,  начин да заштедите!

6. Кога правите сос за шпагети од мелено месо слободно ставете и две лажици лебни трошки, ќе биде погусто и повкусно, а за подобри чорби и варива ,на крајот од готвењето , додадете малку путер, ќе постигнете совршенство, верувајте!

7. Дома сакаат пржени компирчиња?!Еве како да бидат крцкави и златно жолти! Правило број еден е да го исушите компирот пред да го ставите во жешкото масло.  И запомнете од домашни пржени комири нема поубаво, па дури ни во кафеана.

8. Лимонот на сите јадења им дава лесен и свеж вкус. Затоа слободно користете го. Пред да го исцедите, ставете го под жешка вода. Лимонот ќе омекне и од него ќе извадите максимална количина сок. Здраво и вкусно!

9. И повторно за омилените компири. Ако сте ги излупиле и не сте ги ставиле  веднаш во вода, тогаш сигурно е дека ќе поцрнат.  Ставете ги во вода со една лажица лимон, а ако ни тоа не помага, ставете ги во зовриена вод со малку млеко. Малку лимон и оцeт ќе ја освежат и марулата која ви овенала и изгубила свежина во  фрижидерот.

Ви посакуваме добар апетит и да уживате во готвењето, кое може да биде вистинско задоволство!