„Трио џентлмен“ со промоција на новиот видео спот за песната “Немој веќе да ме чекаш”

Во Македонски Народен тератар во Скопје, во недела, 28 јануари со почеток во 19 часот „Трио џентлмен“ ќе го промовира новиот видео спот за песната “Немој веќе да ме чекаш”

Популарниот состав „Трио џентлмен“, е составен од тројца оперски пејачи  Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор.

„Трио џентлмен“ постојат веќе од три години, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата. Публиката ги препознава по изведбата на наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво.  „Трио Џентлмен“, кфункционира по урнекот на светските поп-класични состави, изведувајќи светски поп хитови во поп-класичен манир.