Доделен автомобил од Телеком за корисник од Скопје

  • Џељал Салих денеска ги доби клучевите од Volkswagen UP, главната награда од при пејд наградна игра
  • Покрај автомобилот, во текот на наградната игра секој ден се доделуваше по еден  смартфон Samsung J5 2017

Џељал Салих од Скопје е среќниот добитник на автомобил Volkswagen UP, главната награда од припејд наградната игра „Дополни и добиј“ која што ја организираше Македонски Телеком. Клучевите од автомобилот на Салих денеска му ги додели главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-динот Андреас Елснер.

„Мојот син го користи при пејд бројот кој што беше извлечен како добитник на главната награда на Телеком. Мислев дека се шегува кога ми соопшти дека автомобилот ќе биде наш. Во текот на наградната игра, дополнивме ваучер околу 20 пати. Но искрено, никој од нас не очекуваше дека ќе станеме добитници на автомобил Volkswagen UP. Ова е навистина е големо и убаво изненадување“, изјави денеска Џељал Салих при врачувањето на клучевите од автомобилот, којшто истакна дека целото семејство се задоволни корисници на услугите на Македонски Телеком повеќе од 15 години.

Наградната игра која што се организираше за сите нови и постојни припејд корисници, траеше од 20 ноември минатата година до 8 јануари годинава. Главната награда беше извлечена на 9 јануари. Освен главната награда „Volkswagen UP“, секој ден додека траеше наградната игра, Телеком доделуваше и по еден смартфон Samsung J5 2017, а на над 100.000 регистрирани корисници кои учествуваа во играта им додели бесплатен интернет.

Translate »