Брачна двојка пронајдена заѕидана во гаражата пред нивниот дом, осомничени се синот и снаата

loading...

Бизарен настан се случи во Германија. Двојно убиство откри полицијата во близина на Нирнберг.

Брачната двојка Елфриде (66)  и Петер (70) од Шнајтах, кај Нирнберг, исчезнале кон средината на декември минатата година.

Полицијата во понеделникот,  по нешто повеќе од месец дена ги пронајде двете тела заѕидани во ѕид од гаражата на куќата во која Елфриде и Петер живееле со синот (25) и снаата (22).

Обдукцијата вчера покажа како биле убиени  Елфриде и Петер. Докторите од судска медицина сметаат дека се убиени со тап предмет во главата , а се верува дека во прашање е чекан.

На сопружниците и на двајцата  им бил смачкан черепот, а обвинителството потврди дека се усмртени со повеќе удари во глава.

Полицијата го приведе синот и снаата под сомнение дека се извршители на гнасното злостроство. Извршителите безживотните тела ги завиткале во фолија и им ставиле пластични кеси врз главите. За да спречат разливање на крвата и телесните течности телата ги посипале со големо количество сол и потоа ги забетонирале во ѕидот од гаражата.

Медиумите наведуваат дека мотив за ова ужасно злосторство е нарушениот однос и кавгите на снаата со свекрвата.

Синот на брачната двојка и неговата сопруга се во притвор, а исчезнувањето на родителите го пријавиле на крајот од декември, иако тие исчезнале уште на 13. декември.

Тој во текот на сослушувањето давал противречни одговори, па меѓудругото рекол дека родителите му отпатувале на одмор, но наводно на различни дестинации и со различно време на заминување.

Translate »