И во зима Ресторанот Бакал е посебно доживување!

Ресторанот Бакал е убав и во зимски услови. Го карактеризира автентична и домаќинска атмосфера која дополнително ја збогатува звукот и топлината која доаѓа од преубавиот камин. Зимска идила, ништо поубаво! Ресторанот Бакал е место каде се склучени многу бизнис договори, каде што се започнати  многу љубовни приказни и бројни пријателства. Простор каде  доминира опуштена атмосфера и одлична храна, каде гостите се чувствуваат како дома и уживаат во традиционалните македонски специјалитети пренесени од нашите баби и дедовци.

За странците Бакал е како музеј на македонската култура и традиција, место каде можат да ја запознаат подобро Македонија, душата на македонскиот народ. Ресторанот има убав ентериер во кој се внимавало на секој можен детаљ. Прекрасен прибор за јадење, убаво осветлување, уметнички дела од еминентни македонски сликари. Храна која се подготвува од четири врвни готвачи, што создава впечаток на отмен ресторан, за луѓе со изграден вкус.

Тука се произведува леб кој е без адитиви, а месото е свежо печено, подготвено на специфичен начин. На менито има голем број на оригинални јадења како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, тартар бифтек,  има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, и многу повеќе, за секого по нешто. Ресторанот работи секој ден, цените се навистина пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

Сопственикот на ресторанот г. Горан Симјановски воден од желбата се да биде проверено, свежо и од органско потекло сериозно размислува и самиот да одгледува дел од зеленчукот и зачините и тоа во самиот ресторан.,, Во блиска иднина планираме да се пријавиме и на интернационални конкурси за најдобри европски ресторани, и на таков начин Македонија да ја ставиме на мапата на кулинарските мајстори и експерти од цела Европа, придонесувајќи за јакнење на локалниот туризам.

Ресторанот Бакал се наоѓа во тетовското село Брвеница, оддалечено 15 минути од Скопје, далеку од градскиот метеж со прекрасно уреден двор кој плени со својата убавина. Не е случајно што е омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова прекрасно место.

Translate »