Меланија Трамп преспива во хотел по аферата за љубовницата на Доналд

Првата дама на САД, Меланија Трамп последните неколку недели преспива во хотел во Вашингтон, откако се појавија гласините дека нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп имал сексуални односи со порно актерката Сторми Данијелс.

Медиумите известуваа и дека адвокатот на Трамп непосредно пред претседателската кампања на актерката и исплатил 130.000 долари за да не зборува ништо за аферата, пишува британски Дејли Мејл, за потоа да биде објавено нејзиното интервју од 2011 година во кое Сторми зборува за сексуалниот однос со претседателот на САД во хотелска соба на казино близу езерото Тахо во Невада.

Меланија Трамп не реагираше на написите на медиумите дека спие во хотел, но се оглси нејзината портпаролка Стефани Гришам која на Твитер тоа го нарече „лажно известување“.

Во времето кога се случила „наводната афера“ синот на Меланија и Доналд Трамп имал само четири месеци. Доналд Трамп во Невада во тоа време учествувал на турнирот во голф каде се случила и средбата со порно ѕвездата.

Од 12 јануари кога се појавија првите гласини за наводната афера, Меланија Трамп се до четвртокот оваа недела не даваше изјави за медиумите. Во јавноста се појави на 25 јануари за да им оддаде почест на жртвите од холокаустот.

Првата дама меѓутоа не отпатува со сопругот на Светскиот економски форум во Давос како што беше планирано, што за многу таблоиди беше потврда дека има брачни несогласувања.

Извори за британски таблоид наведуваат дека Меланија Трамп од почетокот на јануари, три до четири дена неделно поминува во хотел во Вашингтон, како и дека често патува за Њујорк.

Американскиот претседател Доналд Трамп негираше постоење на сексуални односи со порно актерката Сторми Данијелс.

Translate »