Вистини и митови за кафеавиот шеќер

Дали знаете кога пазарите што точно купувате? Дали се интересирате за содржината на секој производ или само махинало го одбирате она кое ви се допаѓа? Брзото темпо на живеење и немањето доволно слободно време за подготвување на оброци често пати ни прави дополнителен притисок и не тера да се замислиме што всушност јадеме. Редовните оброци се исто толку важни како и нивната нутритивна содржина. Митови и вистини за здравата храна постојат многу, една од оние вистини или невистини кои би требало да ги расчистиме е дали е подобро да користиме бел или кафеав шеќер. Или да бидеме попрецизни ќе го поставиме прашањето малце поинаку: Дали воопшто знаете како се произведува кафеавиот шеќер дали навистина тој е подобар од белиот?

Одговорот е ДА. Тајната лежи во  меласата која всушност го прави шеќерот да ја има таа фина смеѓо-кафена нијанса, менувајќи го и вкусот кој добива ароматична и длабоко богата нота. Но, она што е најважно да го научите и запомните е дека токму оваа меласа е главниот виновник за зголемување на есенцијалните нутритивни вредности  бидејќи   една супена лажица содржи значително количество на потазиум, како и калциум, магнезиум и витамин Б. Таа, за разлика од кристалите шеќер побргу се растопува во водата, па затоа доколку земеме лажиче кафеав шеќер, го потпиме во чаша вода и ја промешаме, за кусо време водата ќе се обои, а со тоа ќе ги измие нерафинираните кристали. Меласата е всушност смеса од здробена шеќерна трска која се додадава во вода која се греее до зовривање. Овие две состојки се мешаат додека не се содаде кафен сируп, т.е. меласа. Доколку сакаме да добиеме бел шеќер тој се подложува на повеќекратно центрифугирање со кое се отстранува меласата, која всушност е најквалитетниот дел. Па затоа колку шеќерот е потемен толку количеството на меласа е поприсутно, а со самото тоа и неговиот квалитет поголем. Па затоа, секогаш кога имате потреба од засладување наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер, но се разбира во умерени количини бидејќи и тој соджи калории.

Совет: Кафеавиот шеќер содржи поголемо количество на вода, поради присуството на меласата, па затоа внимавајте да биде секогаш убаво затворен и складиран по употребата, за да се успори испарувањето на водата и спојување на кристалите. Бидејќи во тој случај тој брзо се стврднува во поголеми парчиња и се отежнува неговата употреба.