Особини од детството кои го одредуваат успехот во животот

loading...

 

Здруженијата на психолози истакнуваат дека постои врска помеѓу бунтувањето и кршењето на правилата во адолесцентната ера и високата заработувачка, подоцна во животот. Дали е можно дека гладни и немирни деца, се всушност вистинските генијалци?

Бунтовни деца, кои станале милијардери!

Да го земеме примерот на Бил Гејтс, тој кога имал 11 години, почнал да им создава проблеми на своите родители. Одбивал да направи работи што неговата мајка ги барала од него, како што е чистење на собата или доаѓање навремено на вечера, пишува The Wall Street Journal. Тој бил во постојана војна со своите родители, кои немале контрола врз него. Адолесцентното однесување на Гејтс можеби не е ништо посебно – бидејќи повеќето од нас поминале низ слична фаза на бунт, а да не станат мултимилионери. Сепак….

 

Ако се вратиме во 1968 година, близу 3.000 ученици од основно училиште од Луксембург направиле тест со цел да ги изразат своите чувства за училиштето. Нивните наставници исто така пополниле прашалник за однесувањето на своите ученици. А подоцна, истражувачите, исто така, ги оценувале и семејствата на учениците.Во 2008 година, истражувачите врз основа на предходно собраните податоци, анализирале за да пронајдат која особина од детството е поврзана со успехот во кариерата. Стапиле во контакт со 745 завршени студенти, кои тогаш имале 52 години. Психолозите биле изненадени од резултатите. Имено откриле директна врска помеѓу кршењето на правилата и пркосното однесување кон авторитетите во периодот во детството, со високиот IQ, добриот социо-економски статус на родителите и високото ниво на образование кое го постигнале, а што им донело и остварување на висок профит во нивниот живот.

Иако од научен аспек, не е целосно јасно зошто кршењето на правилата се покажало како позитивна карактеристика. Истражувачите претпоставуваат дека е можно таквите луѓе побрзо да ја здобијат потребната самодоверба, што може да доведе до подобра финансиска состојба.

“Ако 90% од оние кои се на деловен состанок гласаат за еден од предлозите, јас ќе го отфрлам. Причината е многу едноставна: ако сите презентери ја согледаат можноста во идеја, тогаш постојат големи шанси дека разни други компании веќе работат на истата идеја и нема да можеме да го отвориме патот за тоа поле”, вели Џек Ма, основач на Alibaba. Во меѓувреме, други студии покажаа слични наоди: Една студија покажа дека оние кои речиси се согласуваат со сите, заработуваат помалку пари од оние кои често покажуваат дека не се согласуваат со нешто. Се разбира, ова истражување не треба да ги поттикнува нашите деца да го напуштат училиштето или да војуваат во куќата. Но, ако забележите “жица” на дефекти во нив, тенденција да се сомневаат во некои правила, да се спротивстават и да се залагаат за себе, можеби тоа и не се лоши особини. Можеби токму тоа е она што им треба за да стекнат самодоверба, да се развијат во свои луѓе, со став и карактер, на кои родителите ќе бидат горди.

Translate »