Димитров и Коѕиас ќе седнат на преговарачките столчиња

Процесот на преговори за името меѓу Македонија и Грција продолжува под покровителство на ОН и на амбасадорот Нимиц, со таа промена што на идните разговори за решавање на ова прашање , лидерските места на преговарачките тимови ги превземаат министрите за надворешни работи на двете земји, се вели во  владиното соопштени по средбата  меѓу премиерот Зоран Заев и медијаторот Метју Нимиц  во Владата.

На разговорот меѓу премиерот Заев и медијаторот Нимиц беа издвоени првите придобивки од средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос, кога од двете страни беше изразена политичка и добра волја за првите практични чекори како што беше најавеното преименување на автопатот, додека од страна премиерот на Република Грција беше најавено одблокирањето на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација, и можноста и Република Македонија да стане член на Јадранско-јонската иницијатива.  Заев и Нимиц на средбата се согласиле дека  е време за решавање на ова прашање за кое се водат дискусии веќе 25 години, и дека е неопходен прагматичен пристап и решение за да се постават основи за долгорочни и стабилни билатерални односи, се вели во соопштението на Владата.