Јаховиќ со фантастичен гол го спаси Коња од пораз со Галата (ВИДЕО)

Адис Јаховиќ имаше деби од соништата во дресот на Коњаспор, откако вечерва постигна гол против Галатасарај за 2-2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Турција. 

Македонскиот интернационалец влезе во игра во 57-та минута кога неговиот тим губеше од фаворитот со 1-2 и веднаш почна да прави проблеми во противничкиот шеснаесетник. Голгетерот реализираше во 91-тата минута за 2-2 и тоа со глава по одличната асистенција на Селим Ај.

 

 

Translate »