Фудбалерот Џонатан Бонд не може да ги трпи навредите за неговата девојка со големи гради

loading...

Голманот на англискиот нисколигаш Питерборо, Џонатан Бонд откри дека размислува да го напушти фудбалот по вербалните навреди од страна на навивачите поради градите на неговата девојка.

Навредите кои секојдневно ги трпи Бонд и неговата избраничка Леи Паркер, се чини ќе го земат својот данок, па 24-годишниот голман си ја отвори душата за „Сан Спорт“.

„Признавам дека малтретирањето кое го трпам на социјалните мрежи, но и додека играм на терен, ме тера да размислувам да се откажам од фудбалот. Сепак, мислам дека тоа нема да го сторам, посилни сме од тоа. Во секој случај, Леи тоа не би ми дозволила да го направам. Питерборо е одличен клуб како мене и Леи. Нема да дозволиме на никој да не запре“, изјави Бонд.

Инаку Бонд моментално во Питерборо се наоѓа како позајмен фудбалер од Ридинг, клуб кој се натпреварува во Чемпионшипот.

Инаку навивачите на Питербор отидоа толку далеку што на два натпревари донеле секски кукла на дување на кој биле испишани навреди за Леи Паркер, додека еден од коментарите објавени на нејзиниот „Фејзбук“ гласеше:

„Се прашувам како е можно твоето бескорисно момче да поминува толку многу време играјќи си со твоите гради во големина на фудбалска топка, а на натпревар и понатаму не може да фати топка. Можеби треба тебе да те ставиме на голот, барем твоите град нешто ќе спречат“.

 

Translate »