Колач со ореви и кокос

Направете здрав домашен колач кој можат да го јадат и дијабетичари.

Навистина е вкусен и лесен за подготовка, а ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја овесни снегулки (мелени)
  • 1 шолја р’жано брашно
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 шолја мелени ореви
  • 100 гр кокос
  • 1 лажица овошен шеќер
  • 1 шолја мелени бадеми
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во длабок сад ставете ги сомелените овесни снегулки со брашното и мелените ореви и бадеми.
  2. Направете дупка на средина и внатре ставете ги изматените јајца со овошниот шеќер, киселото млеко, кокосот и маслиновото масло.
  3. Сè измешајте, а ако смесата случајно ви е многу густа, може да додадете малку вода.
  4. Се става смесата во плех со брашно, па се пече во загреана рерна на 180 степени додека да порумени.
  5. Одозгора можете да посипете со шеќер во прав. Овој чекор не важи и не се препорачува за дијабетичарите.