Најверни хороскопски знаци

loading...

Од гледна точка на астрологијата на некои хороскопски знаци им е внатрешно всадено да бидат верни. Односно, ако се однесувате добро со таков партнер и му обезбедите блискост и разбирање, шансите да забега на страна се минимални.

Бик

Бикот сака комфорт и мир. Тие успеваат благодарение на стабилноста, која ги прави лојални и надежни партнери. За да изневери, Бикот треба да се чувствува исклучително неразбран и недоволно ценет во врската.

Рак

Од сите знаци Ракот е најзагрижен за стабилноста на врската со саканиот човек. Го сака семејството и е најсреќен кога има длабока, емоционална врска. би изневерил само и единствено ако неговиот партнер се однесува студено и не покажува љубов.

Девица

Девиците се чувствителни но и многу претенциозни. Затоа ако се обврзат сериозно, тоа категорично значи дека се сигурни во својот избор. Што пак е претпоставка дека нема потреба да гледаат на страна. Само многу големо разочарување би ја натерало Девата да изневери.

Вага

Вагите бараат хармонија и баланс. Само така се чувствуваат удобно и исполнето. Едно неверство би го нарушило драстично нивниот баланс и тие претпочитаат да не го прават тоа. Ако пак се случи, бидете сигурни дека Вагата сосема набрзо ќе ве напушти.

Јарец

Овој знак исто така многу го цени семејството и својот партнер. Дури понекогаш и да ви изгледа дека не е така, ви гарантираме дека грешите. Јарците сакаат да ја насочат својата енергија и во кариерата и финансиската стабилност, наместо да прават глупости и да се кријат по хотелите.

Зошто на останатите знаци им е тешко да бидат верни?

Овенот делува импулсивно и ретко мисли за последиците. Близнаците пак постојано имаат потреба од нова искра и ако таа изчезне, тргнуваат да бараат нова. Лавот обожава да флертува и да е заобиколен постојано со внимание и едноставно не може да одолее. Стрелецот пак мрази правила и поставување во рамки, како така некој ќе го ограничува и ќе му кажува што да прави.

Шкорпијата од своја страна е страствен знак, но одмаздољубив и тоа многу, па ако со нешто го засегнете, ништо чудно да изневери, за да ве казни. Водолиите се не особено уравнотежени и секогаш имаат стремеж кон нешто ново и различно. А во Рибите вријат толку многу емоции кои заедно со огромната потреба од романтика ги прават склони кон можеби непромислено неверство.

Тоа се разбира се само нијанси на карактерот, продиктувани од хороскопскиот знак. И не значи ако имате партнер Близнак дека тој задолжително ќе ве изневери. Или пак ако живеете со Девица дека ќе ви биде верна до гроб. Но дефинитивно е добро да имате едно на ум со оваа информација.

Translate »