Водоводџија во Лондон заработува повеќе од британската премиерка

Стефан Фрај  годишно заработува 210 000 британски фунти.  Тој  е водоводџија во Лондон. Има 34 години, а  го научил занаетот на 17 години, откако во агенцијата за вработување му рекле дека само за водоводџии има слободни места.

-Среќен сум што тогаш го послушав советот од агенцијата, вели Фрај од сегашна перспектива.

Во саботите и неделите не работи, но во понеделник и среда работи и ноќна смена, на повик.

“Тогаш најмногу заработувам”,вели тој. “На ред бул и кафиња сум цела ноќ, отпушувам садопери и ве-це школки. Tешко e,  и напорно , но на крај целиот труд се исплатува”, вели вредниот водоводџија, кој има свој бизинис, а има потпишано договор со компанијата Пилмико Пламберс, која е една од најголемите фирми во овој сектор.

Весникот Дејли Мејл пренесува дека водоводџијата заработува повеќе од Тереза Меј,  има имот во еден од најскапите делови на Лондон, а летува на Малдивите и Канарите.

За споредба, годишната плата на  Тереза Меј изнесува 150 402 британски фунти.