Времето денеска

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информира УХМР. Ќе дува слаб источен, а во источните делови југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 6 до 13 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Утре ќе биде стабилно и суво, во поголем дел од земјата со негативни утрински темпратури. В среда ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Потоа во наредните два дена ќе преовладува сончево со умерена облачност и со благ пораст на температурата. Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува во сабота.

Translate »