Владата донесе одлука аеродромот во Скопје да има ново име

 

Како што најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со премиерот на Грција Алексис Ципрас во Давос, Владата денеска донела и официјална одлука автопатот Е-75 да се преименува во „Пријателство“.


Заев денеска информираше и дека новото име на аеродромот во Скопје ќе се преименува од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.
Тој рече дека одлуката за новото име на аеродромот, како и одлуката за преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“ поминале на владина седница.

Translate »