Ешли Грем, моделот со облини: Жените треба да се чувствуваат убаво во секоја етапа од животот

Најпознатиот модел со облини Ешли Грем го освои модниот свет, рушејќи ги наметнатите стандарди за тоа како треба да изгледа модел и придоби огромен број на фанови со позитивниот став за телото.

30-годишниот модел повторно сними кампања за брендот Swimsuits for All, овој пат заедно со својата 53-годишна мајка Линда. Идејата е да се покаже дека жените може да се чувствуваат убави во секоја етапа од животот, без оглед на возраста или големината.

Ешли Грем

Ешли Грем

 

Ешли Грем

Ешли Грем

Ешли Грем

„Се огледувам на мајка ми уште од детството и таа ја одигра најважната улога во развивањето на мојата самодоверба. Таа промовираше позитивен став кон телото во нашето домаќинство пред тоа да стане движење. Не можам да си замислам подобра личност од неа да ме придружува во славењето на убавината на сите форми и големини“ – изјави Ешли.