Снежана Николовска: Пет совети за убава и здрава коса

loading...

Како до убава коса и во зима! Совети од Снежана Николовска, професионален фризер и шминкер.

Студеното време, загадениот и влажен воздух влијаат и на квалитетот на косата. Таа во зима неретко е кршлива, со суви краеви или со мрсен корен. Честото користење шапки и марами исто така не помага. Прочитајте ги советите од искусниот фризер и стилист Снежана Николовска како да ја скротите вашата коса во ладните денови.

  1. Студените и сурови зимски денови можат да ја намалат влажноста на твојата коса и да го отежнат нејзиното стилизирање. За да ја одржиш хидрирана и здрава, пробај регенератор што не се измива.
  2. Посетувај фризерски салон. Тоа што е надвор ладно не значи дека треба поретко да се оди на фризер. Редовното потстрижување помога да се одржиш косата и фризурата во одлична форма. Доколку се посакува убава и сјајна нијанса на косата најдобро е бојата да се одбере со професионално лице и фарбањето да биде во салон. 72 часа да се почека од едно до друго миење на косата, со цел да се постигне природниот ph баланс. Да се избегнуваат ластици за прибирање на косата и агресивни препарати. Убавата и средена коса е најсилното оружје на една жена.
  3. Спрејот за коса е добро решение против влажна коса. Затоа, користи спреј за коса ако мислиш дека надвор ќе заврне дожд или снег.
  4. Внимателно со капата. Можеби ви стои убаво, но исто така може да ја сплеска косата. Кога мора да носиш плетена капа, пред да ја ставиш, расчешлај ја малку косата. Ова ќе ти овозможи лесно да ја наместиш косата откако ќе ја извадиш капата.
  5. Нормално, треба да користите шампон и регенератор, кои одговараат на вашата коса…за што секако најдобро е да се посоветувате со вашиот фризер од Студио Грејс, тел 071 327 049

 

 

 

 

Translate »