Сведокот:,, Убиј го шиптарот, убиј го кучетo,,-извикувале во собранието

Во Кривичниот суд денеска сведочеше сведок, кој бил очевидец на крвавиот четврток, односно бил во салата каде што беше нападнат пратеникот Зијадин Села, при што и самиот снимил неколку видеа од нападот.

Сведокот денеска го опиша начинот на кој Села бил нападнат, односно рече дека бил удрен со статив од знаме, по што паднал, а потоа бил опкружен од поголема толпа на луѓе. Како што рече, кога се доближил до Села, работата веќе била завршена истакнувајќи дека не видел дали некој го удирал додека лежел облеан во крв.

На ваквото сведочење реагираше обвинителот Дарко Јакимовски, кој истакна дека сведокот во време на истрагата давал прецизни одговори за тоа како Села бил тепан додека лежел на подот. Цитирајќи дел од записникот, обвинителот потсети на изјавата дадена во истрагата, според која додека лежел Села во бессознание околу него имало дваесетина лица, кои го удирале по глава, стомак, односно кој каде што ќе стигнал. Притоа, извикувале „Убиј го шиптарот“, „Убиј го кучето“, а имало и довикување, „Оставете го“, „Готов е“. Дури и самиот сведок рекол, што правите го утепавте човекот.

Сведокот за време на истрагата кажал и дека препознал еден човек, кој го опишал облечен во кожно елече, кој го потфаќал Села додека го изнесувале.

Не е познато зошто сведокот денеска во судница даде повоздржани одговори околу нападот на пратеникот. Она што е значајно е дека на почетокопт на судењето, тој кажа дека е во роднинска врска, односно втор братучед со еден од обвинетите, но и покрај таа околност тој прифати да сведочи.

Според новот закон за кривична постапка, како веродостојни се земаат сведочењата кои ќе се дадат во судница, а не како што беше по стариот закон, кога се важеше и она што било кажано во истрага. Извор Фокус.мк

 

Translate »