Почина актерот Небојша Глоговац

Српскиот актер Небојша Глоговац почина утрово на 48-годишна возраст. Глоговац кон крајот на јануари беше итно примен во болница и тогаш беше соопштено дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Пред само два дена српските медиуми јавуваа дека се е подготвено за снимањето на новиот филм каде Глоговац ќе ја има главната улога, а режисерот чекал на негово закрепнување.

По четири години режисерот Срдан Голубовиќ го подготвува новиот филм „Татко“. Медиумите пред два дена пренесуваа дека Глоговац добро ја поднесувал терапијата, а првата клапа требала да се случи на пролет.

-Срдан оваа улога ја пишуваше за Небојша и нема да го менува главниот актер. Веќе го одложи почетокот на снимањето и ќе го чека Глоговац колку и да биде потребно. Една од локациите каде треба да се снима е Прибој, изјавил пред два дена извор близок до режисерот.

Режисерот претходно за проектот изјавил дека Глоговац е вистинскиот избор за главен акт

Translate »