Дали можете салото да го претворите во мускули?!

loading...

Постојат многу митови за салото,  губењето на тежина и набивање мускулна маса. Еве, кои се вистинити:

1. Мускулите може да се претворат во сало  и обратно

Мускулите и салото се два сосема различни типови  ткива, па затоа не може да се трансформираат еден во друг. Значи, ако престанете да вежбате, вашите мускули ќе се намалат, додека клетките на масното ткиво ќе се прошират. Поради тоа кога ќе престанете да вежбате, забележувате повеќе сало на вашето тело.

 2. Масната храна создава сало

Салото настанува со внесување  повисоко количество калории од потрошувачкат. Се разбира дека мрсната храна придонесува за тоа. Многу е важно да се знае дека постојат здрави и нездрави масти. Така, на пример, маслиновото масло спаѓа во категоријата здрави масти, па затоа треба да биде дел од вашата исхрана.

3. Салото може да се изгуби само на одреден дел од телото

Не! Ако сакате да го намалите процентот на масно ткиво, не можете да го направите тоа само од одреден дел од телото, туку тоа ќе се случи насекаде. Сепак, за жал, најчесто  подрачјето од кое сакаме да го  изгубиме салото е нтаму каде  што  го има најмногу и каде најтешко се елиминира.

4. Мускулите се потешки од салото

Килограм сало  е еквивалентен со килограм мускули. Мегутоа  разликата е  во волуменот,  бидејќи мускулите се покомпактни  и погусти, килограм мускулна зазема помалку простор отколку килограм сало.

5. Не можете да губите тежина и  во исто време да правите мускули

Како што вели Шејп, тоа е вистина. Во процесот на согорување на маснотии, телото ќе согори и дел од мускулите, но ова може да се влијае со тоа ќе се консумира храна  богата со  протеини.

Translate »