НЛБ Банка од осигурителната компанија наплатила 80 отсто од штетата со грабежот

НЛБ Банка од осигурителна компанија наплатила 80 отсто од штетата направена со кражбата во април 2017 година.

Преостанатиот дел од штетата, во износ од 35.241.000 денари, банката го евидентираше како трошок во билансот на успех заклучно со 31 декември 2017 година на позицијата останати расходи од дејноста, соопшти банката.

Лани во април вработен во банката и уште неколку вработени украдоа околу три милиони евра од банкарскиот трезор.

Тие беа обвинети и осудени на вкупна казна од 20 години затвор, но парите никогаш не ги вратија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *