Пијан прилепчанец бојадисал куче со боја за чевли

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе известување против лицето М. М. (56) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – „мачење животни“.

Како што соопшти МВР, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во ПС-ОН Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 7-ми овој месец, околу 11:00 часот, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови. По извесно време, а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *