Калина Велевска е девојката која исчезна на Кајмакчалан

Калина Велевска е 26-годишната девојка која заедно со уште едно момче е исчезната на грчката страна на планината Кајмакчалан пишува “Репортер”

Групата планинари меѓу кои биле Велевска и момчето, чиј идентитет засега е непознат, ја преминале грчката граница. Кратко потоа, планинарите забележале дека Велевска и момчето не се со нив и веднаш пријавиле во полиција.

Според информации на „Макфакс“, сигналот од нивните телфони е лоциран близу караула. Од МВР за сега не можат да потврдат дали исчезнатите лица се живи. Грчките медиуми утрово јавија дека двајца Македонци починале во снежната бура.

Лошите временски услови на Кајмакчалан дополнително ја отежнуваат работата на спасувачките екипи, најавен е нов снег и бура. По исчезнатите се трага со хелихоптер, во акцијата се вклучени граничната полиција, Центарот за управување со кризи, а на помош се повикани и искусни алпинисти од горската служба.

Двете лица по кои се трага се членови на планинарското друштво „Трансверзалец“. Биле обучени за искачување на големи висини, а Велевска има и сертификат за водич.

Translate »