12 годишно момче и преубава стјуардеса меѓу загинатите во авионската несреќа во Русија

Се знаат и првите имиња на жртвите од авионската несреќа која се случи во Русија.

29 годишната Анастасија Славинскаја и 34-годишниот пилот Сергеј Гамбарајан загинаа кога патнички авион со  65 патници и 6 членови на екипажот се  урнал веднаш по полетувањето од московскиот аеродром.

Стјуардесата Анастасија

Авионот Антонов Ан-148 на компанијата Саратов ерлајнс летал од аеродромот Домодедово кај Москва, јавуваат руските медиуми. Тој исчезнал од радарите веднаш по полетувањето, а се урнал во близина на селото Аргуново, околу 80 километри југоисточно од Москва. Сите во авионот загинаа . Најмлада жртва е 12-годишниот Евгениј Ливанов.

12 годишниот Евгениј Ливанов

Министерството за транспорт како можни причини за несреќата ги разгледува временските услови и човечката грешка.

Пилотот Сергеј Гамбарајан
Translate »