Американски научници го одредија временскиот период за крајот на животот на земјата

Се бижлижи ли  крајот на животот на нашата планета? Вакви одговори се обидоа да дадат неколку престижни институции. Американски и британски научници издадоа за Националната академија на науки на САД, официјално соопштение за тоа кога животот на Земјата ќе стане неповолен за човекот и другите цицачи.

Луѓето  во атмосферата исфрлаат голема количина на издувни гасови што на крајот ќе доведе до неминовна промена на климата. За 200 години на Земјата нема да има живи суштества, затоа што условите за живот ќе станат неподносливи. Човештвото не може да живее во таква средина и веднаш ќе исчезне, се наведува во официјалното соопштение на експертите за Национална академија на науки во САД.

Претходно британскиот научник Стивен Хокинг предупреди дкеа за 100 години на Земјата поради глобалното затоплување ќе бидат загадени сите водени површини. Како пример ја наведе Венера на која пред 4,5 милиони години постоеле течности, но поради промената на климата истите исчезнале и таа станала безживотна.

Научниците навеле и други причини поради кои ќе исчезне човештвото. Меѓу нив се и нуклеарната зима, која може да почне поради војна, пандемија, судар на Земјата со астероид, па дури и напад на вештачка интелегенција, пренесува Спутник.

Translate »