Видео од извлекувањето на планинарите

Грчката противпожарна служба објави видео од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари Калина Велевска (27) и Александар Миновски (35). Тие загинаа вчера на врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе по пад во бездна.

Според информациите што ги објавија грчките медиуми, нивните тела биле пронајдени на оддалеченост од 30 метри.

Тие биле дел од група од 50 планинари, но по некое време се одвоиле од останатите планинари. Грчките медиуми објавија дека временските услови биле лоши – дувало силен ветер и имало магла. Планинарите по телефонскиот сигнал биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. Спасувачката акција започнала по пријавата на останатите планинари кои ја искачувале планината откако забележале дека Велевска и Миновски ги нема во групата. Во потрагата биле вклучени 13 спасувачи, 3 возила и еден хелихоптер.

Translate »