Бомбици со компир и кашкавал

Направете вкусен ручек со компир и кашкавал. Овие бомбици се топат во уста, заситуваат, а имаат богат вкус.

Еве го рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 300 гр компир варен
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 2 лажици врело млеко
  • 150 гр пармезан
  • 2 јајца за поховање
  • презла
  • магдонос
  • масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Сварениот компир кој е претходно излупен се пасира уште додека е топол, а потоа во смесата се додаваат и јајцата, брашното, млекото и пармезанот.
  2. Се соединува убаво, па со рака се формираат топчиња, односно бомбици.
  3. Секое топче од сите страни убаво поминете го во сад со јајце, сад со презла, а по вкус и во сад со ситно сецкан магдонос.
  4. Се пржат во сад со загреано масло додека да заруменат.
  5. Ставете ги на салфета да ја впијат маснотијата, па послужете.

Пријатно јадење!Gotvi.mk

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *