Какво ќе биде вашето дете според часот на раѓање -Кинески хороскоп

loading...

Дали знаете дека според астролозите , часот на раѓањето на детето влијае во формирањето на личноста. Тие го поделиле денот на 12 дела, а секој од тие делови е поврзан со животно од кинескиот календар.

Ако вашето дете е родено:

Од 23:00 до 1:00 часот  – “Часот на Стаорецот”. Децата родени во овој период се интелигентни, претпазливи, интуитивни и љубопитни.

Од 1:00 до 3:00  часот -“Часот на Волот”. Децата родени во овој временски интервал се самостојни, смирени и повлечени, но ако ги испровоцираат, ќе го покажат својот темперамент.

Од 3:00 до 5:00  часот – “Часот на Тигрот”. Ако вашето дете е родено во овој период,  ќе биде дарежливо и шармантно. Во животот нема да избрзува, а неговите ставови ќе бидат добро осмислени и цврсти.

Од 5:00 до 7:00  часот – “Часот на Зајакот “.  Особините на Зајакот се праведноста, отвореноста  и благородноста. Тие сочувствуваат со другите и не сакаат конфликти.

Од 7:00 до 9:00  часот – ” Часот на Змејот”. Астролозите за децата родени во овој времеснки интервал велат дека имаат цврст карактер. Како возрасни, ќе знаат како да ги водат своите финансии и како да заштедат.

Од 9:00 до 11:00 часот– “Часот на Змијата”. Во кинескиот зодијак, се верува дека змијата ги дарува оние кои се родени во нејзиното соѕвездие со мудрост и исклучителни ментални способности. Тие не сакаат притисок, а вредни се само ако го сакаат тоа што го работат.

Од 11:00 до 13:00 часот– “Часот на Коњот”. Луѓето родени во овој времеснки интервал се постојано во движење, енергични и со јасни погледи на свет.

Од 13:00 до 15:00 часот– “Часот на Козата/Овцата”. Ако вашето дете е родено во овој временски период, ќе  биде трпеливо, упорно и многу креативно.

Од 15:00 до 17:00 часот–  “Часот на Мајмунот”. Карактеристики на вашето дете: друштвеност, силен смисол за хумор, ксметлии се и весели по природа.

Од 17:00 до 19:00 часот– “Часот на Петелот”.  Вашето дете ќе биде одличен организатор , ќе биде точна личност и решителна, но помалку и фалбаџија.

Од 19:00 до 21:00 часот– ” Часот на Кучето”.  Карактеристиките на вашето дете се : интегритет, чесност, и друштвеност.

Од 21:00 до 23:00  часот – “Часот на Свињата”. Вашето дете ќе го краси храброст , емотивност и искреност.

 

 

Translate »