Марјан Цветковски реизбран за директор на МРТ

Марјан Цветковски, директорот на Македонската радио и телевизија од 2012, останува на таа функција уште три години. По објавениот конкурс за избор на нов директор, Програмскиот совет на МРТ повторно го избра Цветковски. Конкурсот беше распишан пред да му истече мандатот во март на Марјан Цветковски и пред да се донесе новиот Закон за медиуми.

За негов заменик избран е Харун Ибраими.

Цветковски ќе остане забележан како директор на јавен сервис кој одбиваше да ги емитува прислушуваните нелегални телефонски разговори објавени како „бомби“ од Зоран Заев кој тогаш ја предводеше опозицијата со проектот „Вистината за Македонија“.

Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *