Почна состанокот Коѕијас и Димитров со Нимиц во Виена

Почна состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц во Виена, во рамки на третата рунда од обновените преговори за решавање на спорот за името.

Преговорите прв пат по обновувањето се водат на ниво на министри за надворешни работи, откако тоа го договорија премиерите Зоран Заев и Алекцис Ципрас на нивната средба во Давос минатиот месец.

Димитров и Коѕијас вчера имаа средба во Виена на која ги усогласуваа позициите во пресрет на денешниот состанок со Нимиц. Нема информации дали на денешниот состанок ќе се разгледува нацрт-договорот, кој за средината на февруари го најави Коѕијас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *