Diesel стави „лажни“ Deisel етикети на своите оригинални производи

loading...

Овoј моден бренд отвори продавница со “лажни” етикети на своите производи на кои пишува Deisel, во рамките на кампањата “Go with the flaw”

Дали би купиле производи на чија што етикета пишува Deisel, наместо Diesel? Врвен квалитет по многу ниски цени. Мислите дека се шегуваме? Се работи за оригинални производи од брендот Дизел, само со „лажна“ етикета.

Токму со оваа ситуација се соочиле минувачите во Њујорк додека поминувале покрај продавницата со ознака Deisel, каде што продавачите им нуделе оригинални Дизел производи со мала “мана” во името.

Всушност, се работи за вистинска продавница, која Дизел и Публицис Њујорк, во соработка со агенцијата Публицис Италија, ја отвориле на улицата Grand Canal Street во пресрет на модната недела во Њујорк. Продавницата им нудела на купувачите ограничена линија на Дизел облека со намерна грешка во етикетата, по исклучително ниски цени.

Погледнете го видеото подолу и скептичните купувачи кои не им веруваат на продавачите кои се ценкаат и упорно твдат дека она што го продаваат се оригинал Дизел производи.

Концептот совршено се вклопува со новата латформа на брендот, која започна кон крајот на минатата година, со наслов “Go with the Flaw“, а која ги слави недостатоците во сите нас.

Оние кои се осмелиле да купат облека во оваа продавница, всушност, имале среќа, затоа што добиле уникатни предмети, особено направени од дизајнерскиот тим на Дизел. Бидејќи се работи за крајно ограничена серија на производи, тие лесно може да станат колекционерски предмети, чија цена би можела да се зголеми брзо. Поради тоа, прашање на време е кога ќе се појави некој нов Deisel кој ќе го копира Deisel, а не вистинскиот Diesel.

Izvor-Marketing365

Translate »