Децата треба да ги ангажираме во извршување на секојдневните обврски

Светот се врти околу децата, сè е подредено на нивната среќа, заштита, нивниот статус, самодоверба и, се разбира, поттикнување на нивната креативност.

Антропологот Дејвид Ф. Ленси од Државниот универзитет во Јута во својата книга “Подигање на децата” ги испитува добрите и лошите практики на современото родителство, споредувајќи ги модерните западни општества со животот и воспитувањето во минатото. Иако е добро што денес децата повеќе не се изложени на напорна работа, лошо е што тие остануваат незрели и не сакаат да растат, а последиците се ментална болест, стрес и зголемено незадоволство.

Според него денес се претерува со заштитата и помагањето на децата. Децата не се изложуваат на предизвици и ризици, што влијае на нивната способност за самокритичност, самосознавање, и секако и на нивната самодоверба. Колку повеќе ги заштитуваме децата, толку поголеми медиокритети стануваат.

Порано, децата се едуцирале набљудувајќи и имитирајќи ги возрасните. Сами смислувале игри, се договарале меѓу себе, многу малку им било потребно да се заиграат. Не им биле потребни таблети, телефони, скапи играчки…се задоволувале со многу малку. Додека денес, возрасните се тие кои им ги организираат игрите и слободното време.

Порано децата сами успешно ги надминувале разликите и правеле компромиси. Постарите деца владееле со спортските терени, ги бркале помалите, во домот им давале на помладите онолку колку што е потребно за да ги замолчат. Спонтано се договарале со цел да се избегне мешање на возрасните. Спротивно е денес во современите општества, каде што возрасните и нивниот надзор и мешање се главниот катализатор за конфликти меѓу децата. Работата и играњето се цврсто поврзани во традиционалните општества. Децата, учествуваат заедно со возрасните во секојдневните работи.Тешко е да се аплицира во современи општества, но Ленс предлага да се зголеми ангажирањето на деца во извршувањето мали домашни работи, дури и ако тие се наградени за тоа.  На тој начин  подоцна ќе имаат чувство на одговорност и должност. И секако ако веќе нешто им купувате подобро една трамболина за во дворот, отколку таблети и телефони.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *