Образованието треба да ги насочи учениците да истражуваат

Љубопитноста и имагинацијата се меѓу најубавите човечки особини, што всушност придонеле за развој, напредок и креација низ историјата на човештвото. Ако нашите предци не биле љубопитни и имагинативни, можеби сé уште би живееле во пештери и колиби. Ние сме љубопитни по природа, сакаме да прашуваме: Зошто? И што ако?! Ја користиме имагинацијата да најдеме одговори на нашите прашања. Со овие човечки пориви ја градиме иднината и одговараме на идните предизвици.

Единствениот начин да се одржи и изгради иднина на љубопитни и имагинативни луѓе што создаваат и откриваат е да се додаде поголема вредност на овие особини уште во најраните години на развојот на децата, во образовниот процес и настaвната прoграма.

Наставата и учењето треба да бидат многу повеќе од еднонасочен трансфер на знаeњето од учителите кон учениците.

Поврзана слика

Образованието треба да ги насочи учениците да истражуваат и да ги користат своите знаења, интуитивно и имагинитивно до дојдат до одговори, да создадат иновативни решенија за сите нивни животни и професионални предизвици.

Ако наставните методи и понатаму се градат главно на учебници и стандардизирани текстови, ќе биде навистина тешко да ги натераме денешните ученици да бидат љубоптини и да ја користат својата фантазија да создаваат извонредност. Читање на стотици страници и пополнување на стандардизирани текстови нема да допре до нивната фантазија и нема да ја разбуди нивната креативност. Наместо тоа, само ќе ја потврди генерацијата наречена – “Досадно ми е…“.

Едукаторите што ги креаираат наставните програми и просветните работници треба да се обидат да ги инкорпорираат новите и иновативните технологии во наставата, за да ја доближат наставната содржина до светот на денешните генерации, кои го восприемаат светот подинамично.

Една таква алатка, сега достапна благодарение на технолошкиот развој, што би им помогнала на наставниците и учениците да го збогатат образовниот процес е “надоградената реалност” или augmented reality, скратено AR.

 

Поврзана слика

Иако AR не е сосема нова технологија, сега започна глобално да се интергрира во образовните програми и стратегии.

AR технологијата овозможува да се збогати реалноста, особено апстрактните содржини, во почувствителен виртуелен свет, кој дава можности за поблиско разбирање, меморирање и учење. 

Со примена на AR учениците можат да го задржат вниманието, да осознаат практично одредена содржина, да ја користат својата имагинација за дообјаснување и разбирање на нештата, а сето тоа да претставува забавен и интеркативен спој на изучување нови математички операции или хемиски процеси.

Притоа, многу важно е дека забавниот фактор не е единствената придобивка од интегрирање на AR – технологијата во образовните стратегии. Ако успешно се воведе AR во училниците, може да има неверојатни резултати.

AR технологијата може да го трансформира секој следен час во изненадување, што ќе ги задржи учениците заинтересирани и мотивирани да учествуваат во предавањата. Учениците би биле нетрпеливи да откријат што следно ќе им биде презентирано низ AR искуства. Секој нов час ќе биде ново патување кое учениците ќе посакаат да трае подолго од вообичаеното времетраење на еден школски час.

AR технологијата може да им помогне на учениците да станат поангажирани за време на часовите, нудејќи им нови начини на презентација на содржините. Интерактивна презентација на наставата може да им помогне да се поврзат со лекцијата на подлабоко ниво, добивајќи ги потребните информации во моментот кога тие си го поставуваат прашањето.

Замислете ја AR галеријата, каде што учениците едноставно треба да гледаат уметнички дела и преку нивниот уред – ќе го видат не само уметничкото дело, туку и сите информации поврзани со историја на делото и уметникот кој го создал.

Повеќе ангажирани и мотивирани ученици секогаш ќе учат побрзо, бидејќи нивното внимание и енергија ќе бидат концентрирани на материјалот и процесот на учење. AR технологијата ќе ја подобри концентрирацијата на учениците со тоа што наставните материјали ќе бидат поинтересни и поинтерактивни.

Теоретското знаење не е доволно за да стане вистински познавач на полето на проучување. Студентите често имаат потреба од практично искуство за целосно владеење на наставната програма, што е тешко да се добие, особено кога вештините не можат да се практикуваат во реални ситуации.

Онаму каде што реалните ситуации се тешки или скапи за репродукција во процесот на учење, AR-технологијата може да се искористи за да се создадат симулации и ситуациони улоги во кои учениците можат да почнат да ги градат своите практични знаења. Преку подобрување на ефикасноста на процесот на учење и нудење можност за креирање реални симулации, АR технологијата може да им помогне на училиштата и универзитетите да заштедат пари на долг рок.

Поврзана слика

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *