Макрон: Ќе ја нападнеме Сирија доколку користела хемиско оружје

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе ја нападне Сирија, доколку се докаже дека сириската Влада користела хемиско оружје врз цивили.

– Ќе удриме на местото од кое е лансирано (хемиско оруќје) или каде што било организирано, изјави Макрон.

Сепак, тој потенцираше дека француските разузнавачки служби засега не пронашле доказ дека било употребено забранетото хемиско оружје.

Макрон нагласи дека употребата на хемиско оружје е „црвената линија“ за неговата Влада. (МИА)

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *