Какви емотикони се испраќаат на новото момче

Почнавте да се допишувте со новото момче, кој веќе подолго време ви се допаѓа и сега сакате да оставите добар впечаток. Тоа и не е тешко ако се опуштите , бидете своја и уживате во вашето допишување. Меѓутоа тоа на што треба да обрнете внимание е користењето емотикони кога праќате пораки. Знаеме дека би сакале да ги испратите сите вљубени емотикони , но запрете, следните правила мора да ги знаете.

 

Внимавајте на случајните значења на сугестивните емотикони.

Ако му испратите на момчето на  пример  јазик и мачка. Сигурно нема да помисли дека мачка ве лижнала.

Во случај да сте во недоумица , знајте дека малку е секогаш многу.

Видете дали може да ги избегнувате емотиконите. Едноставно прескокнете  ги . Некои можат да изгледаат незгодно но и застарено.

Новото момче немојте да го преплавите со бакнежи, или емотикони кои покажуваат веренички прстен или срце . Да глупо е, ако ги праќате прерано , ќе го уплашите.

Ако пишувате нешто саркастично , додајте смајли што плаче од смеа. Во спротивмо вашата шега може да излезе ужасно непристојна.