Ако одите на море, во мобилната аптека секогаш носете борна киселина!

 

Познато е дека за време на летните месеци оториноларинголозите имаат многу повеќе пациенти со воспаление на надворешниот канал на увото,  отколку во останатиот дел на годината.  Најчеста причина за тоа е пливањето во нечиста вода или во базени каде има голем број капачи.  Главен симптом  е интензивната болка , а можат да се јават и проблеми со слухот и секрет од увото.

 

Најдобро е веднаш да отидете на д-р специјалист за грло,уво и нос, но ако сте некаде на море можеби ќе немате пристап до некоја болница или ординација. Во тој случај ќе го пропуштите критичниот момент кога болеста брзо се развива (најчесто попладне или во вечерните часови). Затоа лекарите советуваат во мобилната аптека секогаш да носите раствор на борна киселина (Acidi Borici). Се работи за блага киселина која jа менува пе-ха вредноста на местото каде делува и со тоа го спречува навлегувањето и развивањето на микроорганизмите во увото.  Се работи за трипроцентен раствор со кој ушите се испираат двапати дневно. Таа е многу ефикасна и во борбата против габичните инфекции на увото. Американското здружение на  оториноларинголозите ја препорачува борната киселина како терапија во лекување на габичните инфекции во увото.

Исто така, борната киселина има и противвоспалително дејство и на тој начин ја намалува болката и го смирува постоечкото воспаление. Со нејзина секојдневна примена , пред и по капењето во море или базен, се спречува можноста од појава на воспаление на ушната школка, болест што може да ни го упропасти долго очекуваниот одмор.

Translate »