Почина Абдулаќим Адеми

По тешко боледување, вчеравечер почина Абдилаќим Адеми, во претходните влади, вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, министер за животна средина и просторно планирање и министер за образование и наука.

Роден е во Шемшево, тетовско на 20 декември 1969 година.

Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Завршил и школа за млади политичари и обука за креирање политик.

Од 2002 до 2006 бил пратеник во Собранието на Македонија[2] каде бил член на комисијата за економски прашања, за финансирање и буџет, за транспор, врски и екологија и комитетот за односи меѓу заедниците.

Од 2006 до 2007 бил член на Бордот на Директори во АД „ГА-МА“ во Скопје. Во периодот 2004-2006 бил асистент во Државниот Универзитет во Тетово каде предавал во предметот Анализа на градежни материјали.

Адеми министеруваше со Министерството за животна средина и просторно планирање во периодот од 28 јули 2011 до 20 јуни 2014 година, а беше министер за образование и наука во периодот од 20 јуни 2014 до 16 јануари 2016 година.

Член е на ДУИ од основањето во Централниот Одбор и претседател на Огранокот на ДУИ за општина Јегуновце. Женет е и татко е на еден син.

Translate »