Џенифер Анистон и Џастин Теру се разведуваат

loading...

Двојката рекла дека се најдобри пријатели кои се разделуваат како пар, но се среќни за продолжувањето на пријателството. Одлуката за разводот била обострана. Иако веста сакале да ја задржат за себе, додаваат дека тоа индустријата на трачеви не го дозволува..

Поранешната ѕвезда на „Пријатели“ Џенифер Анистон и нејзиниот сопруг Џастин Теру открија во четвртокот дека се разделуваат по помалку од три години брак.

Анистон (49) и актерот Теру (46) се венчаа во 2015.

„Одлучивме да ја најавиме својата разделба“, објави парот во заедничко соопштение.

„Оваа одлука е обострана“ и донесена кон крајот на минатата година, додале тие.

 

 

 

Во соопштението не се даваат причините за разделбата а парот нагласил дека би им било подраго тоа да останала нивна приватна работа, но дека се одлучиле за објава како би ги редуцирале медиумските нагодувања.

„Ние сме најдобри пријатели кои се одлучиле на развод како пар, но кои се среќни на нашето драгоцено пријателство кое ќе продолжи. Би го направиле тоа и приватно, но бидејќи индустријата на трачеви не пропушта прилика да нагодува и измислува, би сакале да ја испорачаме вистината“, додале актерите.

Анистон,чиј прв брак со Брет Пит заврши со развод пред десет години, е една од најпопуларните американски ѕвезди, а медиумите внимателно го следат нејзиниот приватен живот.

Со Теру се венча на тајна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес, а тоа изненади многу нивни гости и медиуми.

Translate »