Бурунди го повлече признавањето на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија IИвица Дачиќ соопшти дека Бурунди го повлече признавањето на Косово како  независна држава.

“Деновиве на Косово се одбележуваат 10 години од едностраното прогласување на независност на Косово. Сакам да дадам свој придонес. Донесов нота од министерството за надворешни работи на Бурунди со која тие го повлекуваат признавањето на Косово”, рече Дачиќ на вонредната конференција за печат во српското МНР.

Тој истакна дека со ова се гледа колку е кревка независноста на Косово и колку е  “лажна” листата од 116 земји кои органите на Косово им ја прикажуваат на своите граѓани.

“Ги повикувам да ги покажат документите од сите 116 земји. На таа листа се наоѓаат држави кои никогаш не го признале Косово”, изјави Дачиќ, истакнувајќи дека прашањето на Косово не може да се реши без договор со Србија.

Translate »