Простете ни, нека ви биде простено! Денеска е Прочка!

Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство, кој подразбира меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на кој се празнува овој празник се менува во зависност од датумот на Велигден, па Прочка секогаш се празнува седум седмици пред Велигден.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето. Во Македонија на повеќе места се одржуваат карневали за Прочка, а меѓу нив најголема атракција е Струмичкиот карневал.

 

Translate »