Екстравагантната уметница Винчиќ на Скопјани ќе им приреди несекојдневен настан

Гордана Винчиќ е македонска  сликарка родена во Скопје, но веќе 20 години живее и работи во Шведска. Оваа екстравагантна  уметница дипломирала Социјална работа и Политички науки на Универзитетот во Лунд, Шведска. Во соработка со шведските власти реализирала над 300 визуелно иновативни уметнички работилници.Имала неколку самостојни изложби, групни изложби низ целиот свет вклучувајќи ја и светски познатата изложба “Transitions” во музејот на “Pushkinskaya 10” во Санкт Петербург, Русија во 2015 година.  Уметничките дела на Гордана се наративни, проткаени со длабок мистицизам, носталгија и надреална симболика. Преку нејзината работа таа ги обединува уметноста и личниот развој, а нејзин главен поттик е фасцинацијата од потсвесното знаење и мудрост кои постојат кај секој поединец. Таа сака да го испровоцира надбљудувачот да размислува и да ја истражува мистиката на животот, митологијата и симболизмот со цел да се постигне повисоко ниво на свесност, знаење и среќа. Гордана ја доби наградата за “Стрип деби ѕвезда на годината”  во 2016 во Македонија. Винчиќ заедно со исклучително талентираниот уметникот Игор Љубовчевски- Љубац е организатор на  ликовна колонија “Арт Симпозиум” несекојдневен настан кој ќе се одржи во главниот град, каде ќе присуствуваат уметници од целиот свет.

 

Радар: Љубовта кон уметноста е очигледна, претпоставуваме дека е всадена од мали нозе со оглед на тоа дека потекнувате од уметничко семејство, зошто се решивте да студирате друго, а не ликовна уметност?

Многу родители на овие простори посакуваат нивните деца да бидат успешни и несакајќи грешат усмерувајќи ги да тргнат по еден пат кој што “ѓомити” е посигурен. Имам сретнато како во Македонија така и во светот етаблирани доктори, техничари, библиотекари и други кои со носталгија се присетуваат на својата потисната љубов кон творечката уметност. Следејки го родителскиот совет јас денес со резултат во рацете ни најмалку не се каам. Но постои период во мојот живот кога си замислував дека за мене во уметничкиот свет е можеби доцна. Имав среќа, искуството и школувањето извонредно да ме надополнуваат во моето креативно изразување. Познавањето на човечката психа и желбата на индивидуата да трга по самоостварување и прогрес се дел од моето многугодишно искуство. Потребното знаење за изведба во уметноста за мене е еден бесконечен процес од можности и нови искуства. Последните 7 години на моја иницијатива имав среќа да творам непосредно со повеќе уметници чие творештво посебно го ценам. Тука би го спомнала рускиот сликар Борис Кошекхоков со кого творев 2 месеци во Санкт- Петерсбург и македонскиот уметник Игор Љубовчевски –Љубац со кого се уште активно творам.

Радар: Во сликите доминираат мистиката, митологијата и симболизмот, што е тоа што ве наведува на размислување.. можеби некој како Карл Густав Јунг ве инспирираше да творите за потсвесното знаење на поединецот ?

Мистиката, митологијата и симболизмот се неисцрпна ризница на инспирација како препознатливи архетипови вткаени во колективната потсвест, двигатели на секое конструктивно и деструктивно однесување а токму Карл Густав Јунг ја истакнува визуелната уметност како основа за човековиот развој и прогрес.

Радар: На голем дел од сликите забележав дека го има вашиот лик и вашата фигура, тоа сте вие во различно ниво на свесност?

Највредното нешто што секој човек може да го остави зад себе е неговото исконско убедување  и размислување, онакво какво му е дадено. Јас радо го споделувам мојот личен пат кон самоостварувањето со целото негово задоволство и сите негови потешкотии.

повеќе на следниов линк https://www.facebook.com/gvincic

Радар: Организирате несекојдневен настан во Скопје “Арт Симпозиум ” ликовна колонија    која ќе се одржи на плоштадот во главниот град,  во ресторанот Пелистер на која ќе учествуваат уметници од целиот свет, а организатор сте токму вие и уметникот Игор Љубовчевски. Како дојдовте до ваква идеа?

Идејата се појави природно како дел од нашата соработка, заеднички изложби и учество на бројни колонии овде и во странство. Со колегата сметавме дека на Македонија и треба еден нов вид на форум каде што локалните уметници ќе можат да се истакнат и да се интегрираат со странски уметници. Воедно да разменат искуства, да дојдат во контакт со љубителите кои имаат желба да купат уметност. Граѓаните на Македонија и сите љубопитни да им се овозможи непосреден контакт со уметниците и процесот на творење. Ова е наш искрен и пионерски обид да допреме до јавноста со крикот на уметниците за промена на атмосферата во Македонија каде што уметноста ќе добие можност да дише. Благодарни сме што добиваме голема поддршка од локалните уметници, медиуми, галеристи и љубители на уметноста за Симпозиумот. Гледаме дека на различни места во доменот на уметноста 100% стои поддршка од државата и желба ни е во иднина со овој проект да им се обратиме. Длабоко веруваме дека ќе биде интересен како еден иновативен проект.

Радар: Може ли да ми кажете некое звучно име кое ќе присуствува на колонијата?

Македонската уметничка сцена има уметници чие име и творество е уважувано и наградено во најголемите светски галерии. Тие уметници за многу од нас од помладата генерација се мотивирачко гориво и верба дека може да се живее од уметноста. Да спомнеме само некој, Синиша Кашавелски, Владо Костов и други. Од странските уметници би го спомнале професорот Жељко Ѓуровиќ и склупторот Hedley Wiggan.

 

Повеќе за изложбата и кои имиња ќе присуствуваат на следниов линк:

Уметници од целиот свет ќе творат во центарот на градот Скопје

 

Translate »