Две сестрички скокнале во смрт, се сомнева дека ја играле играта “Син кит” (Видео)

loading...

Трагичната смрт на две полусестри, кои најверојатно си го одзеле животот, играјќи ја фаталната он -лајн игра ” Син кит”,  ја потресе Русија

Жртвите се 12 годишната Марија Виноградова и нејзината полусестра Анастасија Светозарова, 15 години. Тие скокнале од покривот на зграда во  градот Ижевск.

Марија имала момче, а во прошталната порака му напишала : ” Не ми се лути, ќе си најдеш подобра од мене”.

Соучениците сведочат дека девојчињата биле депресивни. Мајката на Марија била лута поради тоа што нејзината ќерка фатила момче, дури и ја однела на гинеколог, раскажуваат другарчињата на починатите девојчиња.

Сепак, истрагата е фокусирана на мобилните телефони и комјутерите на девојчињата.

Играта “Син кит”  е популарна кај руската младина, а досега стотици деца и тинејџери во Русија се самоубиле следејќи ги нејзините правила.

Станува збор за игра наменета за младата популација со која децата се предупредуваат дека мора да ги следат задачите зададени преку интернет и како доказ за тоа да испратат фотографија со извршената задача. Вообичено, задачите се состојат во различни форми на самоповредување.

Пред да скокнат од покривот, девојчињата се снимале со мобилен…еве ја снимката

Translate »